Утрински Весник
Македонија

Николоски: Од Прилеп му порачуваме на ДУИ, претседател на Македонија се бирало, се бира и ќе се бира од граѓаните на непосредни избори

1713214805 Aleksandar Nikoloski 1.jpg

Пред нас се историски избори за Македонија, избори кои што ќе ја одредат судбината на Македонија во следните 20 до 30 години. Не случајно нервозата е голема и кај Пендаровски со се цело СДСМ и кај ДУИ. Од една страна го гледате Пендаровски почна да навредува, од друга страна ДУИ мисли уште може да уценува. Ни едното ни другото не поминуваат, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски од митингот во рамките на претседателската предизборна кампања во Прилеп.

Николоски додаде, Стево Пендаровски наместо да одговори зошто штити криминал, зошто ги потпиша спорните измени на Кривичниот законик со кој што се штитат криминалците, наместо да одговори како прифаќа како прифаќа крадени народни пари за финансирање на неговата кампања, и наместо да одговори зошто не осуди ни една криминална афера во Македонија, тој навредува и тоа само го покажува неговото вистинско лице.

„Гледам дека заедно со СДСМ и со ДУИ се обидуваат да внесат хаос во Македонија. Но, тој хаос нема да се случи и нема да помине. Гледам од ДУИ сеуште мислат дека можат да уценуваат, па велат, доколку сакате ова или она  треба да поддржите избор на претседател на државата во Собрание”, рече Николоски.

Од Прилеп, Николоски упати порака до ДУИ, претседател на државата се бирал, се бира и ќе се бира директно од народот на непосредни избори и ниедна уцена нема да помине, затоа што не се во позиција да уценуваат, а граѓаните со масовната излезност и на 24 април и на 8 мај ќе кажат едно големо „не” на уцените.

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!