Утрински Весник
Македонија

Османи: Нема да има Влада без договор за ветинг

2 7.jpg
Img 5587

Кандидатот за претседател од Европскиот фронт Бујар Османи на денешниот митинг пред граѓаните на Дебар ги наброја главните заложби од неговиот Декалог.

„Ако имав предизвик, како министер за надворешни работи, да ги отворам преговорите со ЕУ по 17 години чекање, верувајте дека како претседател можам да го завршам процесот за членство во ЕУ во следните 5 години, ќе го искористам целиот потенцијал на Европскиот фронт, целото мое знаење, знаењето од процесите што ги водев, моето искуство, моите контакти низ светот за да го завршам овој процес во следните 5 години. И, ви ветувам дека ќе го направам тоа доколку ја добијам вашата ценета поддршка”, рече Османи.

300x250 (7)

Во однос на партнерството со САД, Османи истакна дека нема поголема штета, поголемо предавство што можете да ѝ направите на земјата од влошување на односите со САД.

Османи вети дека нема да има Влада без целосен договор за ветинг.

„Секој што ќе има претензии, да стане министер, директор, судија или обвинител, прво ќе треба да го добие сертификатот издаден од САД, НАТО, ЕУ… Само така ќе ни се исчисти сцената од руско влијание и корупција”, изјави Османи.

Ss1

Можете да прочитате

Битиќи до домашните компании: Со заедничка поддршка инвестиравте над 500 милиони евра, да продолжиме заеднички со заокружување на бројот 1

Приведени двајца криумчари, пронајдени мигранти од Кина

„Биди хуман- спаси живот”: Крводарителска акција во Уставниот суд денеска по повод 60 години oд постоењето