Утрински Весник
Свет

Голем шумски пожар во Шпанија: Зафатени 600 хектари, евакуирани 180 луѓе

Pozar 1.jpg

Во првиот голем шумски пожар во Шпанија годинава, површина од околу 600 хектари беше уништена за само 24 часа на истокот од земјата, соопштија властите.

Околу 180 луѓе се евакуирани во погодената планинска област околу Тарбена во провинцијата Аликанте, околу 90 километри јужно од Валенсија, јави во понеделник телевизијата РТВЕ, повикувајќи се на властите.

Пожарот, кој избувна во неделата на помалку од 15 километри од Средоземното Море, брзо се шири, се вели во соопштението.

Пилар Бернабе, претставник на централната влада на Мадрид во автономната заедница Валенсија, им изјави на новинарите дека причината за пожарот се сомнева дека е практиката „сечи и изгоре“. До понеделник попладне, површината на уништената област беше поголема од 800 фудбалски игралишта.

Петнаесет противпожарни единици и 10 единици за заштита на шумите беа распоредени во понеделникот за гаснење на пламените јазици, со помош на осум хеликоптери и противпожарни авиони, соопштија службите за итни случаи во Валенсија.

Силните ветрови и температурите над 25 степени Целзиусови – невообичаено топло време за средината на април – ги отежнаа напорите за гаснење на пожарите, изјави портпаролот на регионалната влада на Валенсија.

Сепак, портпаролот рече дека се оптимисти дека пожарот што беснее околу Тарбена, како и неколку помали на Коста Бланка, наскоро би можел да биде изгаснат.

Источна Шпанија доживеа неколкудневни температури кои достигнуваат и до 30 степени, поради што плажите се полни. Од среда ширум Шпанија се очекува постудено време.

Можете да прочитате

(Видео) По силни турбуленции за време на лет патник починал во авионот кој принудно слетал во Тајланд

Ердоган: Изборот за песна на Евровизија промовира родова неутралност и го загрозува традиционалното семејство

Пекинг се ослободува од доларот, продаде најмалку 53,3 милијарди долари американски обврзници