Утрински Весник
Македонија

МВР бришеле доказен материјал вели Фуркан Салиу

Img 6280.jpeg
Dik 300x250 mk

Уништување на доказен материјал е кривично дело, пишува на Фејсбук новинарот Фуркан Салиу кој неодамна брутално беше уапсен од страна на ЕБР за наводен напад на службено лице, иако кривичната пријава поднесена од МВР се однесува само за попречување на службено лице во вршење на должноста, што Салиу исто така го оспорува.

Почитувани припадници на #МВР, посебно вие припадници на #КримTехника и #ЕБР,
Уништувањето на доказен материјал верувам знаете подобро од мене дека е кривично дело. Посебно ако се уништи материјал кој е во приватна сопственост.
Во материјалот од безбедносните камери во приватен објект се избришани три дела.
Два пати по 40 секунди каде што би требало да се гледа како апсолутно без ништо почнуваат да го тепаат младото момче и делот каде што би требало да се гледа “нападот” од моја страна врз полицијата. И 3 минути каде што точно се гледа како се отвара мојата ташна.
Се надевам дека иако сте ги избришале за да ние не дојдеме до нив ги чувате кај вас.
Давањето лажен исказ е исто така кривично дело.
Ако законот важи еднакво за сите како што вели Министерот #Тошковски полека се ќе се расчисти 🙂

Можете да прочитате

ДКСК со повеќе изборни пријави – дел проследени до ЈО, дел затворени без прекршувања

МВР приведе лажен поп – мамел луѓе во тага на гробиштата во Ѓорче Петров и Волково

Мисајловски: Македонија во црвено – историска победа и голема одговорност за ВМРО-ДПМНЕ