Утрински Весник
Свет

Шолц ја предупредува Кина да не ја поддржува Русија

Picture 695 660x487 1.jpg

Германскиот канцелар Олаф Шолц истакна дека ќе го предупреди кинескиот претседател Си Џинпинг да не и обезбедува воена поддршка на Русија. Тој ќе посочи дека Русија води освојувачка војна против Украина „и инсистира дека никој не смее да помогне ова да успее. Затоа, ние исто така ги повикуваме сите да не ги заобиколуваат санкциите.Затоа бараме да не се испорачува оружје“, рече денеска Шолц во Шангај. Нагласи дека тоа важи и за стоките што можат да се користат и за цивилни и за воени цели. Кина се смета за најважен сојузник на Русија и постои сомневање дека испорачува таква стока.  Шолц утре во Пекинг ќе се сретне со Си и со премиерот Ли Чијанг.

Можете да прочитате

Евакуација на последната болница која работи во северниот дел на Газа

Норвешка ќе го уапси Нетанјаху доколку биде распишана потерница по него

Израелскиот министер за одбрана барањата за апсење на израелските министри го смета како „напад“ врз армијата