Утрински Весник
Македонија

Дерала: Цивил 16 години е вклучен во изборен мониториг и има уникатна методологија на набљудување

Derala2 750x375 1.webp.webp
Img 5587

Цивил 16 години е дел од мониторингот на изборните процеси, ние од самиот почеток, од 2008 година наваму ние се обидуваме да ги покриеме тие делови во домашниот изборен мониторинг кои не се покриени од домашните организации, порача претседателот на организацијата Цивил Џабир Дерала во интервју за Слободен печат.

„Ние имавме задоволство да соработуваме со многу значајни организации од регионот, но морам да кажам дека од 2021 година Цивил е единствената голема домашна организација која го набљудува изборниот процес и тоа малку ја отежнува нашата работа. Во секој случај нашата методологија е навистина уникатна методологија на изборниот мониторинг од која може да се научи многу дури и на меѓународно ниво. Цивил служи како организација од која се извлекуваат информации и методолошки решенија за тоа како да се спроведе сеопфатен изборен мониторинг. Ова не се наши зборови, ова се зборови на релевантни експерти на меѓународно ниво“ порала тој.

Img 5587

Дерала додаде дека набљудувачите на Цивил се максимално мобилни и дека освен изборачкото место ја набљудуваат и целата ситуација околу.

„Цивил како организација која врши мониторинг на изборите е максимално мобилна организација. Ниту еден набљудувач на Цивил не е статичен, туку е максимално мобилен. Се работи за еден сопфатен мониторинг кој не го набљудува само избирачкото место туку целата ситуација на терен во еден подолготраен процес“ рече Дерала.

Ss1

Можете да прочитате

Петровска: Местото за споделување на Тошковски не се партиските лидери, туку институциите за вооружените групи

Анализа: Претседателска дебата – Пендаровски доминираше, Силјановска нервозно и цинично одговараше

Пендаровски: Силјановска е соучесник на Мицкоски кога упатува навреди кон мене