Утрински Весник
Македонија

СДСМ бара од Силјановска да се извини за навредите кон Ковачевски и Пендаровски

Nikolova.jpeg

Интегрален текст од прес-конференција наДаниела Николова, пратеничка на СДСМ

Почитувани граѓани,

Кандидатката на опозицијата, Гордана Силјановска треба да се извини за навредите кон Пендаровски и Ковечавски.

Во недостаток на план и програма, Силјановска е целосно во матрицата на ДПМНЕ и упатува навреди кон Пендаровски и Ковачевски.

Личните дискредитации за прекари со женски род, навредите за интелектуални капацитети искажани од Силјановска не доликуваат ниту на професор ниту на политичар.

Каков е тој професор кој ги навредува студентите? Каков е тој политичар кој наместо да претстави и идеи навредува неистомисленици а со тоа ги навредува и граѓаните.

Митинзите се за претставување на визијата, понудата пред граѓаните а не за навреди и лични дискредитации.

Паника од пораз на изборите, немањето план, визија, не се оправдување.

Затоа Силјановска треба да се извини.

Почитувани,

Ова е уште една потврда дека ништо не е променто во ДПМНЕ, тоа е истата режимска партија, која сее раздор, навреди, омаловажувања и закани кон неистомислениците.

Граѓаните знаат дека ДПМНЕ и Силјановска наместо иднина, им нудат враќање во минатото и изолација и затоа ќе ги казнат на изборите.

Граѓаните ќе изберат проевропски претседател, Стево Пендаровски кој заедно со проевропска Влада формирана од СДСМ ќе ја внесат земјата во ЕУ.

Можете да прочитате

Мицкоски: Македонија нема алтернатива освен да одиме напред

Бројот на поплаки од семејствата на повредените во Кочани е значително намален, огромен дел од здравствената заштита на повредените е покриена од страна на државата,вели Клековски

Сиљановска Давкова: Идентитетот не може да се препознае низ ајварот, виното и пунџурот, верувам дека изјавата на Кос е несреќна и случајна