Утрински Весник
Македонија

ЦУК: Со хеликоптерска помош ренџерите гасат пожар на Шара

9cbf2cb2 7c6d 402c 8aff 74aefc709ffd 1.jpg

На територијата на Националниот парк „Шар Планина” има активен пожар, при што гори букова шума, ливади и меѓни стебла во приватни имоти, соопшти Центарот за управување со кризи.

-Пожарот се наоѓа над село Селце на оддалечен и тешко пристапен стрмен терен. Локацијата била и претходни години горена со што има голема количина лежечка дрвна маса во којашто огнот тлее преку ноќта, но повторно се активира во попладневните часови, а дополнително се тркалаат опожарени трупци и го пренесуваат огнот надолу многу брзо и со тоа зафаќаат поширока територија, информираат од ЦУК.

Оттаму посочуваат дека ренџерската служба веќе три дена се обидува да го локализира пожарот, но земајќи ги предвид сите услови, нивните човечки ресурси се исцрпени, не се во можност сами да се справат со овој се уште активен пожар.

Од Националниот парк побарале помош од директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов и хеликоптер на МВР веќе дејствува.

Можете да прочитате

Ѝ се јавиле по телефон и ја измамиле – пензионерка останала без 6.000 евра

Одбиена уште една тужба на Европски фронт – онаа што се однесува на Долнени

Цело ВМРО-ДПМНЕ на прием кај претседателката Давкова