Утрински Весник
Македонија

Во Загреб уапсен па пуштен на слобода бегалецот Горан Грујевски обвинет за масовно прислушување

Goran Grujovski.jpg

Екс началникот на Петата управа во УБК и бегалец, Горан Грујевски вчера бил уапсен во Загреб по распишана меѓународна потерница од македонските власти но денеска бил пуштен на слобода. Хравсткото МВР и Интерпол доставило информација до МВР вчера за приведувањето како и последната информација од утрово дека тој е пуштен на слобода поради фактот што му бил одобрен азил во Грција.

Грујевски и неговиот колега Никола Бошковски, ву јуни 2017 година побегнаа од Македонија во Грција откако беа обвинети  во судскиот процес „Таргет Тврдина“, поврзан со нелегалното масовно прислушување.

Грујевски беше обвинет и во случајот „Тврдина 2“, за незаконско палење документи на ДСК, доказите за нелегалното прислушување, но и во случајот „Арка“ заедно со Сашо Мијалков и Небојша Стајковиќ за нелегално снабдување со опрема за прислушување од Велика Британија.

Горан Грујевски е во бегство од 26 јули 2017 година кога требаше да оди во притвор, но полицијата не го најде дома. Тој и Бошковски избегаа  по донесувањето на решението за притвор од Апелациониот суд . Наместо да ги испрати во Шутка, судот им даде рок од една недела да се жалат до Врховниот суд што тие го искористија за да избегаат од земјава.

Грујевски и Бошковски, беа уапсени на 18 октомври 2017 година на аеродромот во Солун со лажни бугарски пасоши, под имињата Неџби Хасан и Христо Атанасов.  Во меѓувреме и двајцата побараа политички азил во Грција.

Можете да прочитате

Мицкоски на средба со Македонија2025: Следува забрзан економски развој и подобрување на животниот стандард

Управен суд ја одби тужбата на Европски фронт на решението на ДИК за избирачкото место 1194 во Крушево

Кривична пријава против три лица од Кавадарци и Неготино за продажба на марихуана и кокаин