Утрински Весник
Свет

Шолц ја потврди солидарноста со Украина во телефонски разговор со Зеленски

1711810585 Zelenski.webp.webp

– Германскиот канцелар Олаф Шолц ја потврди солидарноста на Германија со Украина во телефонски разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Шолц разговарал со Зеленски за начините за понатамошно зајакнување на воздушната одбрана на Украина, изјави денеска владиниот портпарол Штефен Хебестрејт.

Министерството за одбрана претходно најави дека Германија ќе и достави на Украина дополнителен систем за воздушна одбрана „Патриот“.

Шолц и Зеленски се согласија дека се неопходни дополнителни напори од страна на партнерите, рече Хебестрејт.

„Федералниот канцелар вети дека Германија активно ќе ја поддржи иницијативата на Швајцарија за меѓународна мировна конференција на високо ниво и ќе работи на што е можно пошироко глобално учество“, се вели во соопштението за печат.

Швајцарија планира меѓународна мировна конференција на високо ниво за Украина во јуни, но Русија нема да присуствува.

Шолц и Зеленски, исто така, разговараа за подготовките за Конференцијата за обнова на Украина во Берлин во јуни и се согласија да продолжат да работат заедно за да постигнат значителни резултати, рече Хебестрејт.

Можете да прочитате

(Видео) По силни турбуленции за време на лет патник починал во авионот кој принудно слетал во Тајланд

Ердоган: Изборот за песна на Евровизија промовира родова неутралност и го загрозува традиционалното семејство

Пекинг се ослободува од доларот, продаде најмалку 53,3 милијарди долари американски обврзници