Утрински Весник
Свет

Трамп: Републиканците ќе поддржат помош за Украина само во форма на заем

1707128448 Unnamed File.webp.webp
300x250 (7)

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска изјави дека републиканците ќе ја поддржат помошта за Украина во американскиот Конгрес, но само „во форма на заем“.

– Во однос на законот за помош на Украина, во моментов го разгледуваме. Размислуваме да го направиме тоа во форма на заем, а не само подарок. Продолжуваме да даваме подароци од милијарди и милијарди долари, рече Трамп.

Img 5587

Тој додаде дека чекорите на Европа се многу поважни.

– Треба да дадат пари. Треба да ни парираат. Ако не го сторат тоа, ќе бидам многу разочаран, рече Трамп по состанокот со претседателот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон, на кој разговараа за помошта за Украина и американските избори, пренесува „Хил“ („The Hill“).

Трамп со месеци изразува скептицизам во врска со обезбедувањето американска помош за Украина во нејзината војна против Русија, тврдејќи дека поддршката на Украина не е витален американски интерес и оти Европа треба да го обезбеди најголемиот дел од помошта.

Неговите ставови влијаеа на неговите сојузници во Конгресот, што го отежнува поминувањето на помошта за Украина во Домот кој е под контрола на републиканците. САД обезбедија милијарди долари воена и хуманитарна помош за Украина, но на крајот на минатата година останаа без средства кои ги одобрува Конгресот.

Американскиот претседател Џозеф Бајден постојано предупредуваше дека поддршката на Украина е во интерес на Соединетите Американски Држави, бидејќи „ако Русија ја победи Украина, може да изврши инвазија на сојузник на НАТО, што би ги вовлекло американските сили во поширок конфликт“.

Сенатот минатиот месец усвои пакет за финансирање на националната безбедност од 95 милијарди долари, кој вклучуваше помош од 60 милијарди долари за Украина.

Ss1

Можете да прочитате

Меѓународниот суд на правдата во Хаг одби да и нареди на Германија да ја стопира воената и друга помош за Израел

Трамп казнет со 9.000 долари поради коментирање сведоци во текот на судењето

Германија во страв од немири за време на првомајските протести