Утрински Весник
Свет

Свечља: Казнувањето на екстремистите е гаранција за неповторување на нападите во северно Косово

20240413110527 Big 730x400 66.webp.webp

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља, изјави дека криминалците мора да бидат казнети за да не се повторат нападите како оние во северно Косово минатата година, јави дописникот на МИА од Приштина.

На денешната средба со шефицата на тековните операции – Оддел за операции на Генералштабот на НАТО, Ариела Виехе, Свечља изразил загриженост поради, како што пишува на неговата страница на Фејсбук, „деструктивното однесување на Србија“.

На средбата се разговарало за безбедносната состојба во Косово, со акцент на северот на земјата, населен со мнозинско српско население.

– Ја изразив мојата загриженост за континуираното деструктивно однесување на Србија, како и за нејзиниот заканувачки јазик и постапки во однос на нашата Република. Ја истакнав важноста од казнување на насилните екстремисти и терористи, како гаранција за неповторување на нападите со кои се соочивме заедно со припадниците на КФОР – пишува Свечља.

Министерот за одбрана на Косово, Ејуп Маќедонци вчера на средбата со Виехе изјави дека НАТО треба сериозно да се однесува кон движењата на српските воени трупи околу границата со Косово. Тој нагласи дека распоредувањето на српските војници е закана за стабилноста на целиот Балкан.

Можете да прочитате

Најмалку седум Палестинци загинаа, а девет се ранети во израелски напад во Џенин

Франција го поддржа МКС во врска со повикот за налози за апсење на лидерите на Израел и Хамас

Во Иран покрената истрага за падот на хеликоптерот на претседателот Раиси