Утрински Весник
Магазин

Копривата е одлична за пролетно јакнење на имунитетот

2067.jpg

Модерната наука најде бројни докази кои ги поддржуваат древните верувања за лековитите ефекти на копривата, како богат извор на антиоксиданси кои го намалуваат бројот на слободните радикали во нашето тело.

Покрај тоа што се добар извор на калциум и други минерали кои можат да помогнат во намалувањето на ризикот од бубрежни заболувања, остеопороза и многу други сериозни состојби, листовите од коприва се и добар извор на линоленска киселина, железо, магнезиум и калиум, витамин Ц и витамин А.

Листот од коприва е корисен за намалување на воспалението и болките во зглобовите. Научниците веруваат дека копривата може да помогне во контролата на шеќерот во крвта кај луѓето со дијабетес.

Ова растение одамна е омилена во народната медицина поради неговата улога во борбата против сезонските алергии и другите благи респираторни заболувања.

Листот од коприва може да биде ефикасен третман за одредени состојби на простатата, како што се бенигна хиперплазија на простатата, отекување на простатата.

Копривата е еден од најстарите регистрирани лекови за лекување и спречување на опаѓање на косата.

Копривата има природни адстрингентни својства и адстрингентите се одлични за лекување на кожни проблеми како што се мрсна кожа, сува, иритирана и воспалена кожа предизвикана од каснувања од инсекти, сипаници, па дури и егзема.

Можете да прочитате

Најдобро растение за контрола на високиот холестерол

Кое е најдобро време за појадок

Загрижувачко истражување: Утврдено високо ниво на хербициди во спермата