Утрински Весник
Магазин

Роберт де Ниро отвора два луксузни хотели во Софија и Варна

Robert De Niro.webp.webp

Американскиот луксузен бренд за хотели, ресторани и резиденција Nobu Hospitality, во сопственост на актерот Роберт де Ниро, ќе отвори два хотели во Бугарија.

Оваа компанија е основана во 1994 година од Де Ниро, познатиот готвач Нобу Мацухиса и филмскиот продуцент Меир Тепер, објави бугарската bTV.

Хотели Hobby Hospitality ќе бидат отворени во Софија и Варна, а како што наведува компанијата на својата веб-страница, овие објекти ќе остават значаен белег на Балканот.

Првиот хотел и ресторан од овој бренд ќе се наоѓа во центарот на Софија, а вториот на брегот на Црното Море во Варна, пренесува бугарската агенција Труд.

„Ноби хотел и ресторан Софија ќе се наоѓа во историската зграда на банкарите во близина на Националниот театар Иван Вазов и ќе биде опкружена со бутици, уметнички галерии и големи историски знаменитости“, се наведува на веб-страницата.

Зградата зад Народниот театар во Софија е изградена во 1912 година и до неодамна беше банка, па оттука и името Банкарска зграда, пред да биде реновирана во 2022 година.

Овој објект во 1978 година е прогласен за недвижен споменик на културата, а една деценија подоцна е регистриран како споменик на уметностa.

Можете да прочитате

Најдобро растение за контрола на високиот холестерол

Кое е најдобро време за појадок

Загрижувачко истражување: Утврдено високо ниво на хербициди во спермата