Утрински Весник
Свет

Русија: Подготвени сме за преговори со Украина, основа можат да бидат договорите од 2022 година

8506f0c2 F0fa 42cc Ba15 3114939fc833.webp.webp

Прекинатиот мировен договор меѓу Украина и Русија од 2022 година може да биде основа за нови преговори, но нема знаци дека Киев е подготвен за разговори, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Рускиот претседател Владимир Путин постојано тврдеше дека Русија и Украина биле многу блиску до постигнување договор на преговорите во април 2022 година во Истанбул, но дека Киев ги напуштил преговорите кога руските сили се повлекле од Киев.

Договорот, наводно, вклучувал барања Украина да земе геополитички неутрален статус и да не се приклучи на НАТО, да ја ограничи големината на нејзината армија и да му даде на истокот на земјата специјален статус.

Во вчерашната изјава Путин повторно зборуваше за потенцијалните мировни преговори, велејќи дека е отворен за таканаречени реални преговори, но не и за оние што ги води Украина, кои сакаат да ја заобиколат Русија и, според рускиот претседател, не преземаат сметка за новите реалности на теренот.

Неговиот портпарол Песков, исто така, рече дека многу се променило од 2022 година, вклучително и окупацијата на четири нови украински региони за кои Русија сега тврди дека се нејзина територија.

Но, Песков смета дека напуштените разговори од Истанбул сепак можат да бидат основа за нови преговори и дека Русија е подготвена за тоа, за разлика од Украина.

Украина сака да ја врати својата територија, вклучувајќи го и Крим, кој беше анектиран од Русија во 2014 година. Киев бара и целосно повлекување на руската армија.

Можете да прочитате

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната

Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата