Утрински Весник
Македонија

Презентација на истражување на јавно мислење за перцепцијата на граѓаните за работата на полицијата

IMG 9281 scaled.jpeg

Евротинк – Центар за европски стратегии денеска на брифинг со медиумите ќе ги презентира резултатите од истражувањето на јавно мислење „Перцепции и ставови на граѓаните за  работата на полицијата во Република Северна Македонија во февруари 2024“. 

Како што наведуваат од невладината тинк тенк организација, наодите се однесуваат на јавното мислење на граѓаните во врска со транспарентноста и отчетноста на полицијата, развојот на полицијата, демократскиот капацитет на полициската организација и процесот на донесување одлуки. 

-На брифингот ќе се осврнеме на теми поврзани со прашања како колкава е довербата на граѓаните во институциите, какви се ставовите на граѓаните за работењето на полицијата во земјава, какво е познавањето на граѓаните на механизмите за контрола на полицијата, какво е нивното мислењето за работата на управните служби при МВР, како и за односот на граѓаните кон концептот „Полиција во заедницата“, стои во соопштението.

Истражувањето е спроведено во рамки на проектот: „Подобрување на транспарентноста и отчетноста на полицијата во Република Северна Македонија“ имплементиран од Евротинк – Центар за европски стратегии и финансиски поддржан од Националниот Фонд за Демократија од САД. 

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”