Утрински Весник
Свет

Нов скандал во Норвешка: Министарката за здравство го плагирала магистерскиот труд

R6wthchj0isqgnr6blc7.png
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Академската истрага денеска утврди дека министерката за здравство на Норвешка, Ингвилд Кјеркол, плагијат на делови од магистерскиот труд, што е втор ваков случај годинава поврзан со владата во Осло.

Истрагата на Универзитетот Норд во Боде покажа дека тезата на Ингвилд Кјеркол од 2021 година содржи „многу посериозни грешки отколку невештина“.

Заклучокот на истрагата е дека на Ингвилд Кјеркол, која министерската функција ја извршува од октомври 2021 година, треба да и биде одземена магистерската диплома по здравствен менаџмент.

Четириесет и осумгодишната Ингвилд Кјеркол претходно тврдеше дека таа и нејзиниот коавтор не копирале тези на друг студент од 2015 година.

Норвешката министерка за високо образование Сандра Борк во јануари поднесе оставка, откако беше откриено дека во својот магистерски труд препишала делови од друг авторски труд, дури и со печатни грешки, пренесува РТ Балкан.

Можете да прочитате

Анонимен крипто-коцкар заработи 460.000 долари со апсењето на Мадуро

Канадскиот премиер: Само Данска и Гренланд можат да одлучат за иднината на Гренланд

Русија соопшти дека Венецуела треба сама да одлучи за својата судбина без странско мешање