Утрински Весник
Македонија

Обвинителството почна истрага за пожарот во кој се пеплоса Универзалната сала во Скопје

9686cbbd 5c48 4697 8708 F0a4fd7b04f7.jpg

Обвинителството информира дека ја започнало истрага за утврдување на причините за пожарот кој вчера избувна и ја пеплоса Универзалната сала во Скопје, која беше во фаза на реконструкција. Трите лица кои за време на пожарот работеле на објектот беа приведени во полиција, каде дале изјави по што се пуштени на слобода. Како што соопшти Обвинителството, локацијата детално ќе се проверува за да се обезбедат сите докази потребни за да се утврдат причините за пожарот.
Обвинителството започна истраги кои треба да дадат одговор на прашањата како избувнал пожарот и дали причината е човечкиот фактор. Државниот инспекторат за труд вчера изврши увид во работата на фирмите вклучени во реконструкцијата на објектот и подготви записник. Плитичките партии не чекаат да се произнесат надлежните со наодите од теренот, туку веднаш почнаа меѓусебно да се обвинуваат.

Можете да прочитате

ИО на СДСМ донесе одлука за исклучување на Петре Шилегов

Шилегов по одлуката на ИО за исклучување: Утре ќе дадам коментар имам многу што да кажам за психотропните супстанци на одредени лица

Доброволните пожарникари од Кочани: Пораката „горе има жртви“ беше најтешкиот момент од интервенцијата во „Пулс“