Утрински Весник
Македонија

Каевски: Со СДСМ во ЕУ до 2030 година ДПМНЕ да се одважи да каже кој е нивниот план за европска иднина

281a277b 8bd5 44eb 9eb6 45842f2ff649 1024x570 1.jpeg

„СДСМ е сериозна политичка партија која мисли добро за граѓаните, сме грешеле и знаеме да се извиниме, додека ДПМНЕ нема доблест ни да се извини”, истакна пратеникот и портпарол на СДСМ, Дарко Каевски во дебатната емисија „Само вистина” на Канал 5 телевизија.

Каевски додаде дека СДСМ доби мандат од граѓаните да ги води напред и некогаш се носени и тешки одлуки, кои можеби одзеле дел од рејтингот.

„Сме верувале и јас се уште верувам дека тоа се исправните одлуки. Денеска, без Преспанскиот договор, ако не сме членка на НАТО, можеби ќе стравуваме за нашата безбедност. Ако не ги решевме главните прашања немаше да напредуваме кон ЕУ, немаше чекор напред да ни биде полноправно членство во ЕУ до 2030″, нагласи Каевски.

Каевски нагласи дека во предизбоирието, кога има техничка влада и ДПМНЕ практицира власт, се гледаат истите принципи на МВРО-ВМРО, се гледа што ќе се случи ако ДПМНЕ ја добие довербата од граѓаните, што впрочем се гледа и како ДПМНЕ го управува Скопје, кое требаше да биде модерно, а стана валкано.

„Дури и во техничка влада, со ДПМНЕ во април не мириса на пролет, туку на режим”, рече Каевски, додавајќи дека ДПМНЕ се обидува да презентира лажни анкети, прави обид за замолчување на медиумите, што потсетува на тоа како делувале во минатото.

„Многу е важно СДСМ да победи за ваквиот пример за режимско делување да не биде пример и во наредните години. Народот ја гледа разликата, гледа што ќе се случи ако ДПМНЕ дојде на власт”, порача Каевски.

Каевски нагласи дека граѓаните очекуваат храбри одлуки, очекуваат одлуки кои ќе движат напред, а главен фокус на СДСМ е како да се подобри секојдневието на граѓаните.

„Ни се смееја кога зборувавме за плата од 500 евра, а денеска просечната плата е 650 евра. Сега треба да разговараме за просечна плата од 1.100 ерва и минимална плата од 600 евра, минимална пензија од 20.000 денари, просечна пензија од 30.000 денари”, нагласи Каевски, додавајќи дека оваа Влада се грижи и ќе се грижи за сите и оваа Влада успеа и ќе успее Македонија да стане членка на ЕУ до 2030 година. 

„Можеби ДПМНЕ гледа друга алетрантива и може еднаш, барем во предизборието, ќе се одважи да каже кој е нивниот план за европската иднина, како ќе ја внесе Македонија во ЕУ”, рече Каевски, додавајќи дека претседателот на ДПМНЕ кажа дека ќе се обиде нешто да смени во преговарачката рамка и доби сериозна критика од сите, па кандидатката за претседател кажа дека добро е да бараме друга преговарачка рамка, па макар и полоша. 

„ДПМНЕ на овие избори нема понуда ни во делот на кадровскиот потенцијал, но првенствено во која насока сака да се движи државата”, нагласи пратеникот и портпарол на СДСМ, Дарко Каевски, во дебатната емисија „Само вистина” на Канал 5 телевизија.

Можете да прочитате

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!

Лукаревска: Со гордост ја напуштам функцијата, на Фани ѝ посакувам успех во зацврстувањето на социјалдемократските вредности