Утрински Весник
Балкан

Бугарија ја доби 10. преодна влада, новите избори закажани за 9 јуни

20240409093425 Big 730x400 81.webp.webp

Бугарија денеска ја доби преодната влада на чело со премиерот Димитар Главчев, а на 9 јуни се закажани вонредни парламентарни избори.

Народното собрание на вонредна седница ја инаугурираше 10. преодна влада во историјата на државата, а шеста во последните четири години.

Тоа е и првата влада која по неодамнешните уставни измени положи заклетва пред парламентот, а не пред претседателот, пишува бугарскиот сајт „Новините“.

Претходно денеска бугарскиот претседател Румен Радев издаде указ за официјално именување на кабинет и закажување единствени избори за 9 јуни и за европскиот и за националниот парламент.

На крајот на март претставниците на партијата „Има таков народ“ (ИТН) на бугарскиот претседател му го вратија третиот и последен мандат за состав на влада што им го врачи со што се отвори патот за закажувањето на вонредните парламентарни избори.

На изборите во април минатата година ГЕРБ освои 69 пратенички мандати, додека коалицијата предводена од партијата „Промените продолжуваат“ освои 64 од вкупно 240 места во бугарскиот Парламент, а нивните обиди за формирање влада претходно беа неуспешни.

Првиот мандат Радев и го довери на коалицијата ГЕРБ-СДС, но таа не формираше влада, откако мандатарката Марија Габриел се откажа и го врати мандатот.

Вториот мандат за состав на влада му беше доверен на Николај Денков, кандидатот за премиер предложен од „Промените продолжуваат – Демократска Бугарија“ („ПП-ДБ“), но мандатарот и доскорешен премиер веднаш го врати мандатот.

Во согласност со бугарскиот Устав, претседателот на државата го доверува третиот мандат за состав на влада на една од другите парламентарни сили, по негова дискреција, во рок од седум дена.

Според Уставот, доколку не се постигне договор за формирање влада, претседателот по консултација со пратеничките групи назначува преодна влада и распишува нови предвремени избори во рок од 2 месеци. 

Можете да прочитате

Забрането капење на голем дел од плажите во околината на овој грчки град поради појавата на мртви риби

Вучиќ: Србија секогаш ќе биде гарант за мирот и почитувањето на Дејтонскиот договор, како и за опстанокот на Република Српска

БИРН: Србија годинава извезла оружје во Израел во вредност од 23 милиони евра