Утрински Весник
Свет

Бразил и Колумбија се водечки земји во спречувањето на уништувањето на амазонските прашуми

20240408112852 Big 730x400 48.webp.webp

Минатата година Јужна Америка загуби околу 2.000 квадратни километри прашума, што е еквивалентно на површината на Велс или трипати поголема од површината на американската држава Делавер.

Јужна Америка изгуби 30 отсто од своите шуми од 2001 до 2023 година, но има причини за оптимизам, пишува лондонски „Економист“.

Иако загубата од 2.000 квадратни километри е сериозна, тоа е намалување на сечењето на шумите за 24 проценти во споредба со 2022 година, кога беа уништени 2.600 квадратни километри. Бразил и Колумбија направија најмногу за да го спречат уништувањето на шумите, што се совпаѓа со плановите на нивните претседатели Луис Инасио Лула да Силва и Густаво Петро за зачувување на животната средина, оценува „Економист“.

Лондонскиот весник додава дека треба уште многу да се направи за да се заштити Амазон, но дека е охрабрувачки што постои политичка волја да се постигне позитивен напредок за краток временски период.

Минатата година Бразил беше лидер во Јужна Америка кога станува збор за спречување на уништувањето на шумите, а најголема заслуга за тоа има претседателот Лула, кој во јуни вети дека ќе стави крај на уништувањето на шумите на бразилската Амазонија до 2030 година.

Кога станува збор за Колумбија, во извештајот на организацијата за заштита на шумите „Глобал Форест Воч“ се наведува дека уништувањето на шумите се намалило за 49 отсто во 2023 година споредено со 2022 година.

Колумбија минатата година загуби 660 квадратни километри шума. 

Можете да прочитате

Ужас: Почина маратонката Ребека Чептеги – Партнерот ја полеал со бензин и запалил пред ќерките

САД ja обвинија Русија за водење кампања за влијание врз американските избори

Напад со нож во Германија: Избодени се повеќе луѓе, полицијата го совладала напаѓачот