Утрински Весник
Свет

Бразилски судија почна истрага против Маск

D0bcd0b5d198 D0bcd0b0d181d0ba D0b8d0bbd0bed0bd D0b1d0b5d188d0b5 D0b3d0b5d0bdd0b8d198d0b0d0bbd0b5d186 D0bad0bed0b3d0b0 D0b8d0bcd0b0d188 63dc3c2ee95ab.jpeg

Маск ја оспорува одлуката на судијата Мораес да и нареди на неговата платформа за социјални медиуми Х да блокира одредени профили.

Маск претходно објави дека X ќе ги укине ограничувањата бидејќи тие се неуставни.

Мораес во својата одлука вели дека „Х ќе се воздржи од непочитување на која било веќе издадена судска наредба, вклучително и повторно активирање на профили блокирани од Врховниот суд“.

Доколку X не постапи согласно налогот за блокирање на одредени профили, компанијата ќе биде казнета со 100.000 реали (околу 18.200 евра) дневно, рече судијата.

Ниту Маск, Х, ниту бразилските власти не открија кои профили на социјалните мрежи се блокирани. X прво ја објави наредбата за блокирање во саботата, но не беше веднаш јасно кога е издадена наредбата.

Можете да прочитате

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници

Долниот дом на Парламентот во Австралија го усвои предлог-законот за забрана за користење на социјалните мрежи за деца под 16 години