Утрински Весник
Скопје

Повеќе од три илјади учеснички застанаа на старната линија на 12. издание од „Авицена женска трка“

Avicena Zhenska Trka 2024 Ofici Alna Fotografi A.jpg

Денеска се одржа 12. издание на „Авицена Женска Трка”. Овогодинешното издание беше најмасовно досега, со најголем број на учеснички, односно 3.420 припаднички на женскиот пол застанаа на стартната линија.

Во периодот од 09:00 до 11:00 часот во Скопје владееше неверојатна атмосфера со позитивна енергија, благодарение на учесничките на трката, како и на посетителите, кои им даваа силна поддршка и гласни аплаузи.

Учесничките на трката беа поделени во девет категории, а со најдобар резултат заврши Теа Божиновска, која е дел од атлетскиот клуб „Скопски Маратон”. Трката беше во организација на Сојуз на Спортови на Скопје, а под покровителство на Град Скопје. Организаторите на настанот им искажуваат голема благодарност на сите учеснички на 12. издание на „Авицена Женска Трка” и велат дека без нив, ова издание немаше да биде толку динамично, енергично и масовно, со надеж дека следната година ќе бидат во уште поголем број. „Авицена Женска Трка” продолжува да биде симбол за успешни дами, за мотивација и успех, за постигнати резултати и поставени нови цели, како и за здрав начин на живот.

Можете да прочитате

И тоа го има: Преку ноќ му го урнале објектот за да градат зграда

ЈП Лајка: Граѓаните да не оставаат мали кучиња пред нашиот објект

Утре делови од една скопска општина без вода