Утрински Весник
Македонија

Запален билборд на Таравари кај ЗОО во Скопје

Taravari Bilbord.jpg

Во близина на Зоолошката градина во Скопје, набрзо по полноќ изгорел билборд на кандидатот за претседател Арбен Таравари. МВР соопшти дека презема мерки за расчистување на настанот. -На 07.04.2024 во 01.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул. „Илинден“ со ул. „Рузвелтова“ бил опожарен билборд на еден од кандидатите за претседател на Република Северна Македонија. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита – Скопје, пожарот бил изгаснат“, соопштија од Министерство за надворешни работи. Претседателскиот кандидат на албнаската опозиција „Вреди“, Таравари се произнесе дека не верува дека билбордот е намерно запален, особено не од некој од приврзаниците на противкандидатите во претседателската трка. -Никогаш не би му направил такво нешто на противкандидат. Верувам дека надлежните институции ќе кажат зошто и како… Не знам дали е направено од нивна страна или некој друг, да ги оставаме институциите да ја завршат нивната работа, рече Таравари.

Можете да прочитате

Камионот што ја предизвика трагедијата на обиколницата влегол регуларно преку „Блаце“

Томовски: Претседателката веќе не живее во дивоградба – државните вили се легализирани

Томовски: Протекува покривот, канцеларии не се кречени 50 години – следува целосна санација на МРТВ и нови гаража за 500 возила