Утрински Весник
Спорт

Новак Ѓоковиќ стана најстариот „број еден“ во историјата

Novak Djokovic 6.jpg

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денеска стана најстариот „број еден“ во историјата на АТП листата, соборувајќи го рекордот кој со години го држеше Роџер Федерер.

Ѓоковиќ денеска има 36 години и 321 ден, додека Швајцарецот последен пат во кариерата беше светски рекет број еден со 36 години и 320 дена.

Во понеделник Србинот ќе ја започне својата 420-та недела на врвот на листата.

Можете да прочитате

Меѓународен џиу-џица турнир „Скопје Опен 2026“ во Општина Илинден

Алкараз спаси две меч-топки и обезбеди полуфинале на Мастерсот во Париз

Јапонецот Ташима има намера да се кандидира за претседател на ФИФА