Утрински Весник
Спорт

Атлетик Билбао по четири децении го освои „Кралскиот куп“

O 1916847 1024.jpg

Атлетик Билбао е новиот освојувач на „Кралскиот куп“.

Во финалето одиграно во Севиља, тој на пенали ја совлада Мајорка (5:3).

Даниел Родригез ја доведе Мајорка во водство во 21. минута.

Резултатот не се менуваше до крајот на регуларниот дел, па дури и по дополнителни 30 минути.

По седми пат во историјата, пенали го решија победникот на „Кралскиот куп“.

Помирни беа Баскијците, погодија Раул Гарсија, Икер Муниан, Микел Весга и Алекс Беренгер.

За Мајорка прецизни беа Ведат Муриќи и Антонио Санчез.

Ударот на Ману Морланес го одбрани Ѓулен Агирезабал, додека Немања Радоњиќ шутираше над голот.

Така Атлетик Билбао го освои 24. трофеј во „Кралскиот куп“, а прв по 1984 година.

Можете да прочитате

Над 1.000 македонски навивачи ќе ја бодрат репрезентацијата во Копенхаген

На 18 април стартува новата сезона на Шампионатот во рели со историски возила

УЕФА ја откажа Финалисима 2026