Утрински Весник
Македонија

Маричиќ: Планот за раст ни дава дополнителна сила и мотивација да не се откажуваме од европската иднина, за доброто на сите граѓани

20240406093120 Big 730x400 97.webp.webp

„Она што го баравме од Европската Унија конечно е извесно дека ќе се оствари откако Советот на ЕУ  и Евроспкииот парламент постигнаа согласност за предлогот на Европската Комисија за воспоставување на Инструментот за реформи и раст, односно Планот за раст за земјите од Западен Балкан. 

Ова претставува значаен чекор напред за Северна Македонија на патот кон ЕУ, како земја која веќе ги започна пристапните преговори и успешно ја заврши првата фаза односно скрининг процесот. 

Со други зборови Европската унијата се заложува да ја спроведе една од најголемите инвестициски стратегии за интеграција на регионот на Западен Балкан, преку заедничка соработка со вкупно 2 милијарди евра во грантови и 4 милијарди евра во заеми, за помош во реформите поврзани со ЕУ и економското приближување до европскиот стандард.  

Овој чекор ја нагласува посветеноста за поддршка на усогласувањето на Северна Македонија со вредностите, законите и стандардите на ЕУ, со што значително ќе се забрза ефектот со сите социо-економски придобивки на нашиот пат кон полноправното членство во ЕУ. 

Инструментот ќе се реализира во периодот од 2024 до 2027, ќе го надополни постоечкиот Инструмент за претпристапна помош (ИПА III), значително зголемувајќи ја финансиската помош за партнерите во регионот.

Целта на Планот за раст е да ги поддржи партнерите на ЕУ од Западен Балкан во преземањето реформи поврзани со ЕУ и ќе го стимулира економското приближување со ЕУ, врз основа на амбициозните реформски агенди.

Пораката од ЕУ се надоврзува на нашите заложби, го потврдува она што ни е нам важно, ЕУ сака Македонците да бидат дел од Унијата.  Во меѓувреме потребно е да ги реализираме реформите преку стратешки планови со цел раст на регионот и државата кои ќе донесат значителни социоекономски придобивки за сите граѓани. 

Токму затоа, Планот за раст ни дава дополнителна сила и мотивација да не се откажуваме од европската иднина,  за доброто на сите граѓани. “

Можете да прочитате

Работна средба на Мисајловски со Директорот на Центарот за безбедносна соработка – RACVIAC, амбасадорот  Константин Михаил Григорие

ЗНМ: Правда за новинарката Душица Мрѓа за „27-ми Април“

УХМР: Од петок променливо време со пороен дожд и грмежи