Утрински Весник
Македонија

Силјановска-Давкова: Едно од основните начела на Европската Унија е солидарнос

Slika 1 1.jpg

Изборниот караван на претседателскиот кандидат професор д-р Гордана Силјановска – Давкова и коалицијата „Твоја Македонија”, предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја заокружи денешната кампања со митинг во Ресен.  Во обраќањето пред граѓаните професорката Гордана Силјановска Давкова потцрта: “Едно од основните начела на Европската Унија е солидарност, соработка и нема да верувате како не му текна на претседателот, како неговите советници не му укажаа на основните документи на Европската Унија? Оти да, ние го почитуваме националното право, но треба да се повикуваме на меѓународното право, а особено на правото на ЕУ. Таму има еден фамозен член 8, во кој што, во договорот за ЕУ, во основниот акт за ЕУ, а јас, за жал или за среќа предавам и европско уставно право, во кој што пишува дека членките на ЕУ ќе бидат поттикнувани да склучуваат договори со соседите, со кандидатите за членство во Европската Унија, врз основа на начелото на реципроцитет.

Еве да ги прашам јас претседателот, министерот за надворешни работи, дали знаат дека постои договор за ЕУ? И дали пред да одат да разговараат за нашите национални и државни интереси седнуваат и ги проучуваат сите најважни документи на Европската Унија? Зошто? Ние знаеме дека сме мала држава. Тие се внатре и можеби се посилни, бидејќи се дел од фамилијата, но ни тие, ни ЕУ не смеат да си ги кршат сопствените уставни норми.

Но, ако не ги потсетите на тоа, сигурно си велат дека ќе бидат практични, дека ќе бидат во духот на реализмот, ќе помислат дека ,силните го прават тоа што можат, а слабите тоа што мораат’ и така во биографиите ќе си запишат уште еден успех. Ама, за нашиот живот се работи, за нивниот живот се работи, за младите, за децата. Како вели еден премудар Ирец, Бернард Шо, ,Сè може да смените, само татковината не може да ја смените.”

Изборниот караван на претседателскиот кандидат професор д-р Гордана Силјановска – Давкова и коалицијата „Твоја Македонија”, предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја заокружи денешната кампања со митинг во Ресен.  Во обраќањето пред граѓаните професорката Гордана Силјановска Давкова потцрта: “Едно од основните начела на Европската Унија е солидарност, соработка и нема да верувате како не му текна на претседателот, како неговите советници не му укажаа на основните документи на Европската Унија? Оти да, ние го почитуваме националното право, но треба да се повикуваме на меѓународното право, а особено на правото на ЕУ. Таму има еден фамозен член 8, во кој што, во договорот за ЕУ, во основниот акт за ЕУ, а јас, за жал или за среќа предавам и европско уставно право, во кој што пишува дека членките на ЕУ ќе бидат поттикнувани да склучуваат договори со соседите, со кандидатите за членство во Европската Унија, врз основа на начелото на реципроцитет. Еве да ги прашам јас претседателот, министерот за надворешни работи, дали знаат дека постои договор за ЕУ? И дали пред да одат да разговараат за нашите национални и државни интереси седнуваат и ги проучуваат сите најважни документи на Европската Унија? Зошто? Ние знаеме дека сме мала држава. Тие се внатре и можеби се посилни, бидејќи се дел од фамилијата, но ни тие, ни ЕУ не смеат да си ги кршат сопствените уставни норми. Но, ако не ги потсетите на тоа, сигурно си велат дека ќе бидат практични, дека ќе бидат во духот на реализмот, ќе помислат дека ,силните го прават тоа што можат, а слабите тоа што мораат’ и така во биографиите ќе си запишат уште еден успех. Ама, за нашиот живот се работи, за нивниот живот се работи, за младите, за децата. Како вели еден премудар Ирец, Бернард Шо, ,Сè може да смените, само татковината не може да ја смените.”

Можете да прочитате

Ведро и студено, преку денот сончево

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето