Утрински Весник
Свет

ОН ја усвоија првата резолуција за заштита на правата на интерсексуалните лица

On.jpeg

Советот за човекови права на Обединетите нации усвои резолуција насочена кон заштита на правата на интерсексуалните лица, што е прва иницијатива од ваков вид и опишана од дипломатите и групите за човекови права како пресвртница за човековите права.

За резолуцијата гласаа 24 земји, а 23 беа воздржани. Никој не би бил против. Резолуцијата беше предложена од Финска, Јужноафриканската Република, Чиле и Австралија.

Интесексуалците се луѓе кои се раѓаат со сексуални карактеристики кои не се вклопуваат во воспоставените поими за експлицитно машки или женски пол. Експертите велат дека 1,7% од бебињата се раѓаат на овој начин и често се жртви на корективни операции.

Резолуцијата ги повикува државите „да се борат против дискриминацијата, насилството и штетните практики против лицата со вродени варијации во сексуалните карактеристики“ и да им помогнат на интерсексуалните лица „да ги постигнат највисоките можни стандарди за физичко и ментално здравје“.

Исто така, се бара Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на ОН да објави извештај „во кој детално се испитуваат дискриминаторските закони и политики, актите на насилство и штетните практики против лица со вродени варијации во сексуалните карактеристики во сите региони во светот“.

„Усвојувањето на првата резолуција за правата на интерсексуалните лица е значаен напредок во човековите права“, напиша американската амбасадорка Мишел Тејлор на социјалната мрежа Х.

Хјуман рајтс воч, која ја опиша иницијативата како револуционерна, рече дека таа ја одразува „сè поголемата меѓународна определба да се справи со кршењето на правата на луѓето родени со варијации во нивните сексуални карактеристики“.

Можете да прочитате

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната

Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата