Утрински Весник
Балкан

Гаши: Курти секогаш произведува високи тензии пред да направи отстапки кон Србија

20240405082415 Big 730x400 34.webp.webp

Шефот на пратеничката група на опозицискиот Демократски сојуз на Косово (ЛДК), Арбен Гаши вели дека за време на владеењето на премиерот Албин Курти, кога е во прашање косовскиот север, населен со мнозинство Срби, „секогаш имало тензии пред да се направат отстапки“ кон Белград, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во синоќешното интервју за телевизијата Т7, Гаши наброја некои од, според него, отстапките што Курти ги направил за време на владеењето, меѓу кои регистерските таблички, личните документи на косовските Срби, доделувањето на земјиштето на православниот Манастир во Дечане и други.

– Она што е очигледно во овие три години од владата на господинот Курти во однос на ситуацијата на северот секогаш било тензичноста на состојбата пред попуштањето. Значи, секогаш се создавала тензична ситуација, потоа се правела отстапка, почнувајќи од регистарските таблички, личните документи, енергетската криза, бриселскиот и охридскиот договор, доделувањето на имотот на православната црква… Сега веќе го имаме и договорот за прашањето на употребата на српската валута, како и договорот за одржување вонредни (локални) избори на северот, рече Гаши.

Според него, станува збор за моментални популистички дејствија на владата на Курти, со кои ќе се оправдаат отстапките кон Белград.

– Значи станува збор за дејствија на создавање тензии, за потоа да се изврши наводна деескалација, како и за дејствија кои имаат за цел да се создаде моментална народна симпатија за да се направи отстапка, рече Гаши.

Шефот на пратениците на опозициската ЛДК вели дека во политичката историја на Косово нема човек кој лажел повеќе од актуелниот косовски премиер.

– Човекот кој најмногу лажел во политичката историја на Косово е Албин Курти. Во сите негови каузи, рече Гаши во интервјуто за Т7. 

Можете да прочитате

Бојко Борисов: Ја повлекувам кандидатурата за премиер на Бугарија

Во Албанија во полициска акција приведени високи полициски функционери, судии и новинари

Ожалoстени родители се борат да ги направат убиствените патишта во Бугарија побезбедни