Утрински Весник
Свет

Финска ја продолжи одлуката за затворање на граничните премини со Русија на неопределено време

862bd023 Fda3 4df2 9644 2e9b5ce3cf9f.jpg

Финската влада ќе го продолжи затворањето на граничните премини на границата со Русија на неопределено време, а на својата листа додаде и неколку пристаништа каде патувањето ќе биде забрането.

На крајот на годината Финска ги затвори копнените граници со Русија поради зголемениот прилив на мигранти, особено од Сирија и Сомалија, обвинувајќи ја Москва дека ја користи миграцијата како средство за притисок врз оваа нордиска земја, што Кремљ го негира.

„Финските власти гледаат на тоа како на долгорочна ситуација. Не видовме ништо оваа пролет што би не навело да заклучиме дека ситуацијата значително се променила“, рече министерката за внатрешни работи Мари Рантанен. Во февруари владата објави дека границите ќе останат затворени до 14 април.

Можете да прочитате

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната

Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата

Русија упати предупредување до Јужна Кореја: „Воздржете се од непромислени чекори“