Утрински Весник
Македонија

Села: Судот во Тетово одлучи кој е претседател на АА

Sela.png

Зијадин Села потврди дека Основниот суд во Тетово вчера донел одлука со која тој се легитимира како претседател на партијата Алијансата за Албанците. -Да соопштам дека конечно Основниот суд во Тетово одлучи кој е претставник на Алијансата за Албанците. Оваа одлука е многу важна за нас. Вистина е дека печатите кои ја претставуваат партијата е само една симболика, но од друга страна е многу важна. Овој момент е еден од алатките на нашите противници за Алијансата за Албанците да остане без никакво политичко решение во оваа ситуација кога веќе сме влезени длабоко во изборниот процес и партијата да не учествува во оваа политичка трка,образложи на денешната прес конференција Села. Оваа одлука за АА е важна бидејќи веќе е јасно кој е претставник на партијата. Коментирајќи ги изјавите на претставниците од крилото на Арбен Таравари дека ќе ја обжалат одлуката на судот, Села нагласи дека секој има право да ја обжали одлуката, но, како што посочи, во одлуката пишува дека се уважува барањето на конгресот претседател на партијата да биде токму тој.

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор