Утрински Весник
Свет

Трамп ги нарече легалните мигранти „животни и нелуѓе“

Tramp2.jpg

Американскиот претседателски кандидат Доналд Трамп на предизборниот митинг во Мичиген ги нарече илегалните мигранти во САД „животни и нелуѓе“.

Републиканскиот претседателски кандидат наведе неколку злосторства извршени од илегални мигранти и предупреди дека во Америка ќе владее насилство и хаос доколку не биде реизбран за претседател на 5 ноември.

Зборувајќи за 22-годишната студентка од Џорџија за чие убиство постои сомневање дека е виновен емигрант од Венецуела, Трамп рече дека некои мигранти не се луѓе.

-Демократите велат „Не ги нарекувајте животни, и тие ќе полудат“. И велам „Не, тие не се луѓе, тие се животни“ – рече Трамп.

Многу гласачи во САД мислат дека имиграцијата е главниот проблем. Трамп ги повтори тврдењата дека мигрантите, кои илегално ја минуваат границата со Мексико, избегале од затвори и ментални установи и дека тие се одговорни за зголемувањето на криминалот во САД.

Триесет и осум отсто од републиканците, како и секој петти независен гласач, веруваат дека имиграцијата е главниот проблем во земјата, според анкетата на Ројтерс/Ипсос спроведена на крајот на февруари.

Трамп често тврди дека мигрантите се виновни за зголемувањето на насилството во американските градови, а денеска го повтори тврдењето дека земјите од Латинска Америка намерно ги испраќаат своите криминалци во САД.

Можете да прочитате

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет