Утрински Весник
Македонија

Шумскиот пожар кај гостиварско Дебреше се уште активен

Pozhar.png

Шумскиот пожар што вчера попладне се појави во атарот на селото Дебреше е активен и доколку има потреба ќе се делува со воздухоплови, информираат од Центарот за управување со кризи.

Според директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, пожарот кој зафати поголема површина борова шума во атарот на селата Дебреше и Здуње е се уште активен, но со послаб интензитет.

– Екипите на Национални шуми и ренџерите од Националниот парк Шар Планина се на терен. Доколку проценат е потребна воздушна поддршка, во текот на денот истата ќе им биде испратена, вели Ангелов.

Екипите кои синоќа беа на терен работеле на заштита и спречување на проширување на огнот кон куќите на двете села. Утрово екипи на ТППЕ Гостивар се на терен и ја следат состојбата. 

Можете да прочитате

Филипче: Ветуваа искоренување на корупцијата – направија тендерски скандали од 150 милиони евра

Денес на СП: Белгија под императив против Иран, Шпанија брка влез во нокаут фазата

Во македонскиот КИЦ во Загреб книжевен портрет на Снежана Младеновска Анѓелков и Игор Анѓелков