Утрински Весник
Македонија

Приведено лице кое учествувало во странска војска

Mvr 27223.jpg

На 01.04.2024 во атар на с. Танушевци од страна на полициски службеници од Одделот за специјални операции при Бирото за јавна безбедност, од полициски хеликоптер, било забележано лице како се движи со крос мотор од с. Арачиново кон Косово. Полициски службеници од СВР Скопје му дале знак за запирање, но лицето не запрело, по што се преземени дополнителни мерки и активности и лицето е запрено и лишено од слобода. Утврдено е дека станува збор за Б.С.(29) од Витина, Косово и дека за него е распишана меѓународна потерница од Косово поради кривично дело ” учество во странска војска”.

Можете да прочитате

Точи: Под притисок се откажав од истражувањето за извозот на мозочно ткиво во САД

Зејнула бара конкретни чекори од Мицкоски за правата на Турците

Кривична пријава против полициски службеник за оддавање на службена тајна