Утрински Весник
Свет

Почина едно од трите ранети деца во пукањето во основно училиште во Финска

Uploads Thumbs Resize 800x420 633425.jpg

Едно 12-годишно дете загина откако беше застрелано во основно училиште во финскиот град Вантаа, во близина на Хелсинки, соопшти денеска финската полиција, пренесе ДПА.

Други две 12-годишници се тешко повредени, соопшти полицијата.

Службите за итни случаи уапсија еден 12-годишен ученик пред училиштето. Осомничениот сторител со себе имал огнено оружје. Полицијата соопшти дека апсењето поминало без проблеми.

Од јавноста беше побарано да се држи подалеку од областа додека полицијата продолжува со истрагата во основното училиште во областа Виертола во Вантаа, на југот на Финска.

Можете да прочитате

Лавров: Разговорот за украинското прашање меѓу Русија и САД дава резултати

Лукашенко: Белорусија и Русија никој нема да ги клекне на колена

Италија ќе почне со воздушна испорака на помош за Газа