Утрински Весник
Економија

ТИРЗ почнува со серијата настани во рамки на проектот „Иднината почнува дома“

20240401173410 Big 730x400 28.webp.webp

Со панел сесии посветени на младите, ТИРЗ денеска ја почнува серијата настани во рамки на проектот „Иднината почнува дома“.

Во фокусот на панелите, како што најавува ТИРЗ, ќе бидат образованието и можностите за младите, како да се премости јазот, улогата на младите во донесувањето на одлуките, како и врските во заедницата. Панелисти се дел од првата генерација амбасадори во рамки на проектот „Иднината почнува дома“, кои ќе ги споделат своите искуства и препораки, а ќе понудат и практични совети како инспирација за следната генерација млади лидери.

На настанот ќе биде претставена и Студијата на демографски движења на Државниот завод за статистика.

-Целта на овие настани е да се поттикне младите луѓе да дискутираат, да истражат како да ги искористат можностите што им се достапни за професионален раст и развој на кариерата во нашата земја, како и да произлезат конкретни предлози, иницијативи и мерки со кои младите ќе се наметнат како глас во општеството кој ќе работи за позитивни промени во сите сфери што ги засегаат, велат од ТИРЗ. 

Можете да прочитате

Битиќи: ВМРО-ДПМНЕ одби амандман за набавка на еколошки автобуси

Стојаноски: Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ постигна историски договор со најниска каматна стапка за стопанството

Денови на финансиска писменост – 24info.mk