Утрински Весник
Балкан

Научничка од Осиек загина на планинарење во Албанија

1711989539 Shutterstock 2094403975 Copy 900x535 1.jpg

Научничка од Осиек загина за време на планинарење во Албанија. Остатокот од тимот кој бил со неа е во шок, но во Хрватска пристигнале неповредени. Жена од Осиек загина во планинарска несреќа што се случи во понеделникот на планината Језерски врв во Албанија, јавува Дневник.хр. Планинарела во група од пет луѓе, кои исто како неа се членови на планинарското друштво на Универзитетот Алтиус. Според информациите на Хрватската планинска спасувачка служба, таа во еден момент се лизнала и за жал при падот се здобила со повреди од кои починала. „Не ја познавав одамна, се запознавме преку планинарската школа. Моја оценка е дека беше многу добра планинарка, нејзиното движење по планина беше за пофалба. Ова беше искачување во зимски услови. Ова е за жал несреќа. И оваа личност имаше искуство, знам дека неодамна има неколку патувања во зимски услови“, изјави за Дневник Нова ТВ Крешимир Буразин, раководител на ХГСС Осиек. Остатокот од групата се врати во Хрватска, пишува Јутарњи. Според првите информации, станува збор за 43-годишната научничка Жељка Лончариќ од Осиек, а нејзиниот колега Бранимир К. , се прости во емотивна објава на Фејсбук.

Можете да прочитате

Се огласи жената која ја претепа Слобода Миќаловиќ: Почна да ја споменува мајка ми

Бојко Борисов: Ја повлекувам кандидатурата за премиер на Бугарија

Во Албанија во полициска акција приведени високи полициски функционери, судии и новинари