Утрински Весник
Свет

Јапонија ќе гради засолништа во случај да избие воен конфликт во соседен Тајван

Aponi A.webp.webp

Јапонската влада се подготвува да изгради подземни цивилни засолништа направени од челик и армиран бетон со дебелина од 30 сантиметри во случај да избие воен конфликт во соседен Тајван.

Засолништата ќе се градат на островите во префектурата Окинава, кои се најблиску до Тајван, пишува јапонскиот весник „Асахи шимбун“.

Објектите, како што се наведува, ќе се градат во општините Ишигаки, Мијакоџима, Јонагуни, Такетоми и Тарама, кои се наоѓаат на оддалечените острови од каде евакуацијата е можна само со авион и брод.

Засолништата ќе бидат достапни за оние кои не можат навреме да се евакуираат, додека за останатите е смислен план за евакуација. Објектите ќе складираат доволно храна и вода за најмалку две недели, а секој човек треба да има околу два квадратни метри за себе. Кога не се користат, засолништата ќе може да се користат за состаноци и други собири, рекоа локалните власти.

Можете да прочитате

Блинкен се сретна со својот кинески колега Ванг Ји во Лаос

Евакуирана железничката станица Сен-Шарл во Марсеј поради оставен багаж

ЕЕБ: Со правилни одлуки во Европа може да има и доволно храна и енергија и обновена природа