Утрински Весник
Свет

Папата Франциск: Радувајте се и не губете надеж и покрај кризите

Papa.webp.webp

Папата Франциск ги повика верниците на Велигденското бдение да се радуваат и да не губат надеж и покрај приватните и светските политички кризи.

Овие кризи се „камени громади на смртта“, рече Папата во базиликата Св. Петар во Рим пред околу 6000 луѓе.

Тој особено предупреди на непромислената омраза и суровоста на војната, кои го уништуваат копнежот за мир во светот, но и на себичноста и рамнодушноста. Папата истакна дека Велигден ќе ги помести тие камења. Тој рече дека Велигден треба да ги охрабри луѓето и да им даде надеж.

„Тоа е моќта Божја: победата на животот над смртта, триумфот на светлината над темнината, повторното раѓање на надежта меѓу урнатините на неуспехот“.

По Страсната седмица причина за радост е велигденското бдение, рече тој. Сестри, браќа, нека ви пукнат срцата од радост во оваа света ноќ!“, рече Папата во својата проповед.

Тој ја изврши церемонијата седејќи и самиот ја прочита проповедта, но гласот му пукна.

Во недела тој планира да ја предводи велигденската миса и да го даде традиционалниот благослов “Urbi et Orbi”.

Можете да прочитате

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната

Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата