Утрински Весник
Свет

Полицијата во германскиот град Нинбург застрела маж со нож

Capture 9.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Германската полиција во саботата застрела маж вооружен со нож во градот Нинбург, во покраината Долна Саксонија, јавува АПА.

Мажот наводно и се заканувал на својата девојка, а потоа продолжил со напад врз полицијата.

Според властите во Нинбург, за време на инцидентот се тешко повредени полицајка и службено куче.

Полицијата соопшти дека 46-годишниот маж и се заканувал на својата девојка со нож околу 9:55 часот.

Таа успеала да побегне и ја известила полицијата која потоа реагирала.

Полицијата соопшти дека мажот не ги почитувал наредбите и ги нападнал со нож по што бил застрелан неколку пати и бил убиен.

„За време на подолгата полициска акција, човекот не ги исполнил барањата на полицајците и ги нападнал со нож. Беа испукани повеќе истрели од огнено оружје, што резултираше со смртоносна повреда на 46-годишниот“, соопшти полицијата во Нинбург на Фејсбук.

Повредената полицајка била пренесена во болница со хеликоптер, а полицијата соопштила дека „повеќе не е во животна опасност“.

Можете да прочитате

Остатоци од украински дрон предизвикаа пожар во руска рафинерија во Славјанск

Стармер: Разгледуваме испраќање војници во Украина

Словаците излегоа на протести низ земјата со барање за оставка на премиерот Фицо