Пет лица се повредени рано утринава по расправија за паркинг место пред ноќен клуб во Детроит. Расправијата започнала околу 2:45 часот по полноќ, а набрзо прераснала во физичка пресметка при која еден маж извадил пиштол од возило и пукал во толпата, им рекол на новинарите помошник началникот на полицијата Чарлс Фицџералд.
„Вооружениот напаѓач се врати на паркингот со пиштол, како што прават повеќето кукавици. Застрела пет лица“, изјави Фицџералд. По пукањето напаѓачот се оддалечил, а при полициската истрага на паркингот биле пронајдени седум-осум чаури, но според помошникот на началникот на полицијата засега нема уапсени.
„Се чини дека само една од жртвите на пукањето била вклучена во тепачката. Останатите беа набљудувачи. Сите петмина на возраст меѓу 33 и 49 години се хоспитализирани и се во стабилна состојба“, рече тој.