Утрински Весник
Магазин

Само едно седиште во авионите е посебно, има и зошто тоа е така

D0bfd0b0d182d0bdd0b8d0ba D0b3d0be D0bdd0b0d0bfd0b0d0b4d0bdd0b0d0bb D0b5d0bad0b8d0bfd0b0d0b6d0bed182 D0bdd0b0 D0b0d0b2d0b8d0bed0bd D0bd 63d2e62866c21.jpeg

Изборот на седиште во авионот изгледа како сосема банална работа, но точно каде ќе бидете сместени зависи од тоа колку ќе ви биде удобно патувањето.

Seat 11A воопшто не го препорачуваат експертите за патувања и објаснуваат зошто.

Искусните патници се добро упатени кога станува збор за патување со авион – тие секогаш знаат каде е најдобро да го ставите рачниот багаж, каде чувствувате најмалку турбуленции и од кое седиште можете да направите најмногу фотографии за на Instagram.

Меѓутоа, кога станува збор за подолги летови, удобноста е она што ја игра најважната улога. Токму затоа никогаш не треба да резервирате едно седиште во авион, бидејќи постојат големи шанси вашиот неколкучасовен лет да се претвори во кошмар.

Седиштето 11А е најлошото седиште во авионот

Според експертот Брена Рајан, седиштето 11А е дефинитивно седиштето на кое летот ќе биде најмалку удобно, бидејќи е до „ѕидот“ на авионот, а не до ходникот, а е и далеку од тоалетот. Во никој случај не е добар избор за патниците кои конзумираат многу течности за време на летот, па затоа почесто стануваат за да одат во тоалет.

Дополнително, ако сакате да фотографирате зајдисонца, исто така никогаш не треба да го избирате ова седиште, бидејќи нема прозорци. Наместо да гледате во небото, целиот лет ќе го поминете гледајќи во задниот дел од главата на патникот пред вас или во „ѕидот“ на авионот, изјави Рајан.

Седиштето 4C е можеби најдобриот избор

Според истражувањата, најдоброто седиште во авионот е седиштето 4C. Според експертот, тој се наоѓа веднаш до преминот, доволно е блиску до тоалетот, но не премногу блиску, така што кога вратата е отворена не допираат непријатни мириси до патниците. Ова место е за нијанса попространо, па патувањето, особено долгото, е многу поудобно.

Дополнително, имајќи предвид дека се наоѓа поблиску до излезната врата, патниците кои седат на ова седиште се меѓу првите кои излегуваат од авионот, што е особено важно за оние кои имаат прекачување и брзаат да фатат друг лет. Можеби нема да имате Instagram фотографии, но барем самото патување ќе ви остане драго сеќавање бидејќи нема да се превивате во седечка положба и нема да морате да цупкате во редот за тоалетот во случај на итност.

Извор: Трн.мк

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста