Утрински Весник
Свет

Варшава го отповика полскиот командант на Еврокорпус поради истрага за шпионажа

S 16.webp.webp

Полското Министерство за одбрана денеска соопшти дека го отповика полскиот командант на Еврокорпус, генерал-полковник Јарослав Громаџински, поради истрага на военото контраразузнавање.

Воената контраразузнавачка служба почна постапка за проверка на личната дозвола за пристап до доверливи информации на генерал-полковник Јарослав Громаџински поврзано со добивањето нови информации за офицерот. Поради оваа причина, донесена е одлука за ослободување на генерал-полковник Громаџински од функцијата командант на Еврокорпус и за негово итно враќање во земјата, истакнува во соопштението на полското Министерство за одбрана, без да се наведат детали.

Генерал-полковник Громаџински беше командант на Еврокорпс, заедничка воена група на некои земји од Европска Унија и НАТО, од јуни 2023 година, а претходно командуваше со 18-та полска механизирана дивизија во Ирак.

Можете да прочитате

Зграда се запали во Кина, 14 лица загинаа

Пронајдени 12 мртви на брод со мигранти во близина на Крит

Почина масовниот убиец од Краков