Утрински Весник
Македонија

Делегација на ВМРО ДПМНЕ на средба со Ад-хок Комисија на Парламентарното собрание на Советот на Европа

1711547369 Slika 1.jpg

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, заедно со кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, како и координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Никола Мицевски, денеска остваријa работна средба со Делегацијата на Ад-хок Комисија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, за набљудување на претседателските и парламентарните избори во Македонија.

На средбата се дискутираше за подготовката на изборните процеси, претседателски и парламентарни, како и запознавање на делегацијата на Ад-хок Комисијата на парламентарното собрание со моменталната политичка состојба во предизборниот процес во државата.

Исто така на средбата беше посочено дека на државата и се потребни целосни реформи, како и зајакнување на демократските вредности и перспективи на Македонија.

Од страна на претседателот Христијан Мицкоски беше истакнато дека ВМРО-ДПМНЕ будно ги следи сите настани и состојби во предизборниот процес, како и спроведувањето на изборите од страна на сите засегнати институции во државата.

На средбата беше констатирана добрата соработка со предизборната мисија на Делегацијата, како и ставањето во функција на сите потребни капацитети од страна на ВМРО-ДПМНЕ за фер и демократски претседателски и парламентарни избори во Македонија.

Можете да прочитате

Миноски: Нулта толеранција за корупција и крај на партизацијата – време е за нов систем

Скопскиот аеродром меѓу најбрзорастечките во Европа, минатиот месец бележи раст на патничкиот сообраќај од 34,8 отсто

МОН објави резултати од Конкурсот за сместување бруцоши во студентски домови во академската 2026-2027