Млад човек од германскиот округ Вадшут до смрт ги избодел родителите и братот, додека тешко ја ранил својата сестра, пишува германскиот весник „Билд“.
Тој синоќа ги нападнал родителите на возраст од 58 и 61 година и братот и сестрата, соопшти германската полиција, пренесуваат агенциите.
Таткото и мајката, како и братот (34) се убиени на лице место во станот во областа Валдшут, во германската покраина Баден-Виртемберг.
Младиот човек тешко ја повредил својата сестра, која со хеликоптер била пренесена во болница. За среќа, нејзиниот живот не е во опасност. Момчето (19) е уапсено на лице место. Има германско и италијанско државјанство.