Утрински Весник
Македонија

ТУРБУЛЕНТНА ВРЕМЕНСКА СОСТОЈБА ПРЕД НАС: Во периодот од 30 март до 1 април температурите ќе бидат за 10 до 12 степени над просекот

Thck 1000 850 157.webp.webp

Метео анализа на Славчо Попоски:

Пред нас е многу турбулентна временска состојба, најпрвин врнеживо, а во периодот од 30 март до 1 април и вистинско летно време со позитивно отстапување на температурите дури за 10 до 12 степени, што е премногу.

Температурите за време на викендот, како и за 1 април ќе бидат летни и ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 28 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели од Македонија тие ќе се искачат  и до околу 30 степени. Не се исклучува можноста дури тие и да надминат 30 степени.

И во регионот ќе биде многу топло за овој период од годината, па така на повеќе места температурите ќе се искачат близу 30 степени, а понекаде тие ќе се искачат дури и до околу 33-34 степени.

Сето ова е поради влијанието на значително потоплата воздушна маса која од северните предели на Африка ќе продре над Македонија и над целиот Балкански Полуостров.

Токму овие промени многу неповолно ќе се одразат особено врз метеопатите.

Можете да прочитате

Во аптека ќе се оди само со електронски рецепт, хартиените рецепти ќе бидат целосно исфрлени од употреба во јуни следната година

Владата повторно ќе му помогне на ЈСП ако не успее тендерот за нафта

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите