Утрински Весник
Свет

Шест работници паднале во реката при уривањето на мостот во Балтимор, се претпоставува дека се мртви

20240327072159 Big 730x400 34.webp.webp
Ss2

Шест лица се водат како исчезнати и се претпоставува дека се мртви по уривањето на мостот „Френсис Скот Ки“ во Балтимор, што вчера беше удрен од брод со контејнери. 

Официјални лица на американската крајбрежна стража и полицијата на Мериленд изјавија дека шансите исчезнатите да преживеале се исклучително мали поради ниската температура на водата и времето поминало од несреќата.

Ss1

Потрагата по исчезнатите е прекината и ќе продолжи во утринските часови, соопштија властите. 

Еден од потпорните столбови на мостот бил погоден од контејнерскиот брод „Дали“, што плови под знамето на Сингапур, по што се урнале неколку сводови на мостот.

Истиот брод бил вклучен и во несреќа во белгиското пристаниште Антверпен во 2016 година, кога удрил во брегот додека се обидувал да излезе од терминалот за контејнери во Северното Море.

Инспекцијата на бродот во Антверпен во 2016 година покажа дека има структурен проблем, наведен како „оштетување на трупот што ја намалува неговата способност за пловидба“, покажуваат податоците објавени на „Еквасис“ (Equasis), јавна база на податоци за поморската индустрија.

Мостот Френсис Скот Ки, долг 1,6 милји, е крвотокот на пристаништето Балтимор. Ја премостува реката Потапско, отворен е во 1977 година и именуван според авторот на американската химна „Star Spangled Banner“. Годишно низ него минуваат 11,5 милиони возила.

Ss1

Можете да прочитате

Русин избодел двајца Украинци во Германија

Блинкен пристигнува во Ријад – 24info.mk

Фатена кинеска банда која фалсификувала монети од две евра