Утрински Весник
Македонија

Прв информативен караван „АП поблиску до корисниците на поштенските услуги“

20240326155145 Big 730x400 56.webp.webp

Агенцијата за пошти во соработка со Канцеларијата на Народниот правобранител ќе спроведе прв информативен караван „АП поблиску до корисниците на поштенските услуги“. Активноста ќе се реализира во две фази со пролетен и есенски караван.

Пролетниот караван ќе се спроведе утре и задутре и ќе опфати четири едукативни средби со граѓаните, студентите и претставници од бизнис-секторот, во градовите Тетово, Кичево, Охрид и Битола.

-На овие средби, ќе бидат презентирани и надлежностите на Агенцијата за пошти, а главен акцент ќе се стави на информирање на јавноста за остварување на законските права на корисниците, нивните обврски како и обврските на давателите на поштенските услуги. На посетителите ќе им се даде можност да поставуваат прашања поврзани со обезбедувањето на услугите како и да информираат за евентуални забелешки поврзани со доставата, најавуваат од Агенцијата за пошти.

Можете да прочитате

До петок стабилно и сончево – викендов снег

Мајката-херој се борела со стерилитет, во бракот со сопругот 37 години се труделе да добијат деца

До петок стабилно, потоа облачно со повремени врнежи од дожд