Утрински Весник
Спорт

Мурињо признава дека двапати одбил да ја води Португалија

D0b1d180d0bed0b4d0bed0bbd0bed0bc D0bdd0b0 D180d0bed0bcd0b0 D0b8 D0bcd183d180d0b8d19ad0be D0b2d0be D0b2d0b5d0bdd0b5d186d0b8d198d0b0 63dc2f20e5122.jpeg

Поранешниот тренер на Рома и Порто, Жозе Мурињо изјави дека двапати му било понудено да ја води репрезентацијата на Португалија. Тој рече дека не жали што тоа се уште не се случило.

-Првиот пат бев во Реал Мадрид, но Флорентино Перез ми рече: „Нема шанси“. Вториот пат беше во Рома, каде што добив отказ неколку месеци подоцна… но не жалам, изјавил Мурињо, цитиран од новинарот Фабрицио Романо.

Португалскиот стручњак ја напушти Рома во јануари 2024 година. Заедно со Римјаните, Мурињо ја освои Конференциската лига во сезоната 2021/22. Во сезоната 2022/23, Волците стигнаа до финалето на Лига Европа.

Освен римскиот клуб, Мурињо ги тренирал и Тотенхем, Манчестер Јунајтед, Челси, Реал Мадрид, Интер и Порто.

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига